Делови од Тетово вода имаат само по неколку часа наутро – револт кај граѓаните поради честите дефекти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Делови од Тетово по цели денови немаат вода за пиење, реагират жителите на градот по информацијата на комуналното претријатие дека по пет часа ќе има рестрикции во водоснабдувањето. Граѓаните на социјалните мрежи изразуваат револт од состојбата, затоа што на секои десетина дена во текот на есента и зимата се соочуваат со долготрајни прекини во водоснабдувањето.

-Во Блок 70 доаѓа во 5 часот сабајле и има до 7 часот. После нема цел дури утредента сабајле во 5 часот ќе дојде. Секои десет дена има дефект, срамота.  Дали во овие рестрии ќе има и намалување на сметките. Зошто да плаќам вода кога ја нема.  Три дена немам вода, каква рестрикција. Да не е малку повеќе од 5 часа? Редно е да се напрае нешто, ја претеравте, се коментарите на тетовци за најновите рестрикции.

Пред неколку недели, кога од 17 до 22 декември имаше рестрикции градоначалникот Биљал Касами најави дека ќе се испитува зошто доаѓа до чести дефекти на новиот водоснабдителен систем и ќе се бара долготрајно решение.  Тој образложи дека има осум проблематични точки на целиот довод за вода од Лешница до пречистителната станица.  Во декември имаше рестрикции од 01 до 04 часот и од 13 до 16 часот, но според жителите на Тетово и тогаш во делови во градот вода за пиење имало само по еден до два часа.