Делови од Центар денеска без вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на дел од општина Центар денеска ќе останат без вода поради планирани интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Како што појаснуваат од претпријатието, санацијата на дефектот на улицата „Црвена Вода“, која претходно беше одложена, ќе се реализира денеска. Прекинот во водоснабдувањето на оваа локација започнува од 09:00 часот и ќе трае сè до завршување на интервенцијата, при што без вода ќе останат домаќинствата и деловните објекти на улицата.

Дополнително, од 10:30 часот е најавен уште еден прекин на улицата „20-ти Октомври“ бб, каде ќе се врши приклучување на нова водоводна цевка со пречник од Ф80 милиметри. И на оваа локација, водоснабдувањето ќе биде во прекин до комплетирање на градежните работи.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за разбирање и трпение, потенцирајќи дека интервенциите се неопходни за подобрување на квалитетот и стабилноста на водоводната мрежа.