Јавноста во САД смета дека актуелниот претседател Џо Бајден, оставил многу лош впечаток на ноќешната дебата со Доналд Трамп.
Самиот Бајден, пак, смета дека бил добар во дебатата, но така не мислат и
нкетираните набљудувачи, од кои две третини сметаат дека победата во соочувањето ја извојува поранешниот претседател Трамп.
Новинарите го прашаа Бајден дали е загрижен за неговиот настап.
-Тешко е да се дебатира со лажго. Само „Њујорк Тајмс“ забележа дека дури 26 пати тој изговори крупни лаги, одговори Бајден.
Несигурниот настап на Бајден предизвика голема вознемиреност кај демократите, меѓу кои се постави прашањето дали 81-годишниот претседател е престар за уште еден мандат. Еден од главните донатори на Бајден, кој сакаше да остане анонимен, настапот на Бајден го оцени за „дисквалификувачки“ и рече дека очекува нова рунда повици за тој да се повлече пред националната конвенција на партијата во август.
Британски Телеграф пишува дека веќе имало дискусија во Демократската партија за повлекување на Бајден од кампањата. Тие наведуваат дека група демократски претставници веќе разговарале за потребата од нов претседателски кандидат откако виделе дека пред нивните очи се случува „катастрофа“.
Поранешниот висок советник на Барак Обама, Дејвид Акселрод, исто така, најави дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече.
