Демонстрантите го нападнаа Министерството за внатрешни работи во Тирана – полицијата возврати со солзавец (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Протестите за убиството на младиот Клодијан Раша продолжуваат и понатаму.

Некои од демонстрантите ја напуштија локацијата од пред Владата каде запалија и срушија елка, и се вратија пред Министерството за внатрешни работи каде се обиделе да ја отворат влезната врата, по што полицијата реагирала со солзавец.

Инаку, дел од демонстрантите сè уште се наоѓаат пред Владата.