Со звуците на македонската химна и химната на Европската унија, со маски на лицата, но и препорачаната дистанца од најмалку еден метар, пред платото на Македонската филхармонија е најавено одбележување на 9-ти мај, Денот на Европа.
Оваа година овој ден има посебно знаечење, бидејќи Македонија за време на претседавањето со Унијата од страна на Хрватска доби зелено светло за добивање на датум за старт на преговорите.
Следуваше и благодарност до хватската амбасадорка Нивес Тигањ тоа на хрватски јазик.
„Ние имаме голема заедничка историја, но од оваа година Хрватска влегува во историјата на Северна Македонија уште еднаш, како земја под чие претседателство ЕУ одлучи да ги почне преговорите со нашата земја. Благодарам многу, пренесете ја нашата голема благодарност до Хрватска за целата ваша поддршка“, посочи Бујар Османи.
„Конечно сме подготвени да ја започнеме вашата авантура кон подобар живот во ЕУ. Солидарноста подржана од ЕУ на секоја земја членка, за вас и целиот регион, за време на кризата, ја надминува поддршката од било кој друг партнер, и тоа е одговор на сите дилеми кои се поставуваат во сите овие изминати години, кој ставот на Европската унија за целиот регион. Па, одговор е сите ние сме едно семејство“, истакна Самуел Жбогар.
„Особено ме радува фактот што ја претставувам државата Хрватска во земја која се определи вредностите на ЕУ да ги вгради во својот пат. Исто така особено се радувам што Северна Македонија, недолго откако го добив мандатот конечно доби одлука за отворање на пристапни преговори“, вели Нивес Тигањ.
9-ти мај е симбол на Европската унија, ден на кој се одбележува Декларацијата на Шуман. Во 1950-та година францускиот поллитичар Роберт Шуман ја претстави декларацијата за организација на Европа, што се смета за креација на она што денес го знаеме како Европска унија. На 24 март оваа година Македонија, заедно со Албанија доби зелено светло за добивање на датум за старт на пристапните преговори.
