Ден на македонската полиција – Спасовски: Чест е да се биде припадник на полицијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со песни и ора почна, а така и протече целата манифестација по повод Денот на македонската полиција. Жителите на Делчево имаа можност да ги видат полициските хеликоптери, возила и опрема со која располага полицијата. Пред граѓаните, собраниските и владини делегации, но и полицискиот врв се обрати првиот човек на МВР, Оливер Спасовски. Тој рече дека живееме во време кое бара полициските службеници да бидат вистински и доследни чувари на редот и поредокот.

Специјалниот гостин, собранискиот спикер, Талат Џафери, ги пофали полициските сили, нивната професионалност и храброст, порачувајќи дека тие треба да ја задржат довербата на граѓаните.

„Почитувани, ве повикувам сите во името на граѓаните да бидете првата врата на која ќе тропнат, првиот број кој ќе го повикаат секојпат кога ќе се почувствуваат незаштитени, загрозени или исплашени за нивниот или животот на нивните сакани, за нивниот имот. Да тропнат бидејќи имаат доверба во вас, бидејќи сте дел од нив и се безбедни додека сте тука, блиску до нив“, истакна Талат Џафери.

Под мотото „МВР за граѓаните“ и промовирајќи го концептот „Полицијата во служба на граѓаните“ денеска во паркот во Делчево се одржа централната прослава по повод 7 мај – Денот на Полицијата.  Министерот Спасовски додели плакети за успешно реализирани оперативни акции и најдобри постигнати резултати во МВР за 2021 година.