Денеска во Џеда, Саудиска Арабија се среќаваат делегации од САД и од Украина, само неколку дена после преговорите помеѓу САД и Русија. САД ќе бараат големи отстапки од Киев, но прашање е дали Украина ќе ги прифати нивните услови.
Како и на средбата меѓу САД и Русија, и состанокот помеѓу Американците и Украинаците нема да биде претставен од претседателите на двете земји. Американската страна ќе ја сочинуваат американскиот државен секретар Марко Рубио, советникот за национална безбедност Мајк Валц и пратеникот на Трамп за Блискиот Исток Стив Виткоф, додека украинската делегација ќе биде предводена од Андриј Јермак, главниот помошник на претседателот Володомир Зеленски, како и министерот за надворешни работи Андриј Сибих, министерот за одбрана Рустем Умеров и заменик-началникот на Генералштабот на претседателот Павло Палис.
Една од главните теми се очекува да биде договорот за минерали, кој беше договорен, но поради жестокиот конфликт во Белата куќа, истиот не беше потпишан.
Трамп сака да потпише договор со кој на САД ќе им се даде дел од минералните ресурси на Украина , но тој исто така сака да види промена во односот на украинскиот претседател Володимир Зеленски кон мировните преговори, вклучително и подготвеноста да направи отстапки, како што е отстапување територија на Русија .
Трамп, исто така, сака Зеленски да преземе одредени чекори кон изборите во Украина и можеби да се повлече од функцијата лидер на неговата земја.
Од друга страна, Украина ќе понуди делумен прекин на огнот , кој ќе вклучува напади со беспилотни летала и ракети со долг дострел и воени операции во Црното Море, во замена за континуирана американска помош и размена на разузнавачки информации.
