Денес и утре авионско прскање против комарци во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес и утре, во раните утрински часови, на територијата на градот Скопје ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасните форми на комарци, информираат од Град Скопје.

Доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин.

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.