Денес без полициски час

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва полициски час ќе нема. Според одлуката на Комисијата за заразни болести, а усвоено на владина седница, полицискиот час нема да важи за време на празниците Велигден и Бајрам.

Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука ќе почнува еден час подоцна, во 21:00.

Според Министерството за здравство, бранот полека стивнува, се помал е бројот на заболени, а попушта и притисокот за прием во болниците.

Оваа мерка за укинување на полицискиот час, нема да важи за угостителските објекти кои ќе работат до 20 часот.