МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0 С)
-4 Берово, -3 Лазарополе, -1 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Охрид, Струмица, Маврови Анови, 0 Битола, Штип, Гевгелија, Попова Шапка, 1 Тетово, Претор, Прилеп, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Крушево, 4 Дојран.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Преку ноќта беше ведро со слаб претежно јужен ветер. Утрово има мала до умерена локална облачност.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
