Денеска дожд во западните и југоисточните делови од земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 7 степени.