Денеска е Божиќ – Денот на Христовото раѓање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Православните хриустијани денеска го празнуваат Божиќ, денот на христовото раѓање.

„Христос се роди, навистина се роди“. Овој поздрав се користи за денешниот ден.

Божиќ е највеселиот православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос.

Божиќ се слави три дена. Божиќното утро почнува така што рано в зори се слушаат камбаните од сите православни цркви и храмови, се облекува свечена облека и се оди во црква на божиќна литургија.

Утрото на Божиќ се појадува од Бадниковата трпеза, којашто потоа се раскрева. Исто така од овој ден се прекинати божиќните пости и може да се мрси. Семејствата со помали деца наутро после појадокот се приготвуваат и заминуваат на гости кај своите најблиски.

Целта на овој празник е токму таа, да се поврзат луѓето на овој ден со Бога и со своите најблиски. Да поминат квалитетно време заедно и да го прослават Христовото раѓање.