Денеска е меѓународен ден на кафето, цената достигна историски максимум

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓународниот ден на кафето традиционално се прославува 1. октомври, а веќе шест години ги весели само за момент оние кои без овој пијалок не можат.

Причина за славење нема, за грижа има, затоа што цената на кафето достигна историски максимум, и извесно дека цената и натаму ќе расте, со оглед дека доаѓаат тешки моменти за индустријата на кафе, во која работат дури 125 милиони лица.

Сигурно ќе бидат потребни неколку години пазарот да се врати во нормала.

И пандемијата го стори своето, па така поради недостаток на работници и немири во Колумбија, пред се поради проблеми со трансферот, кафето станува се поскапо и очигледно тоа ќе се одрази на купувачите.