Денеска е Велики Четврток, кој се одбележува како ден на кој се вапсаат велигденските јајца во рамки на Страдалната седмица.
Централниот обичај е вапсањето на јајцата за Велигден, кое се изведува со особено внимание и почитување на традицијата.
Најпрво се вапсаат три јајца во црвена боја, а потоа следуваат и останатите. Првото јајце му се посветува на Господ, второто на домаќинот, а третото за бериќетот и стоката.
Посебна моќ има првото јајце, кое се чува до следниот Велигден и се смета дека има заштитна и лековита моќ.
Обичајот е јајцата да се вапсаат пред изгрејсонце.
