Денеска и утре пообилни врнежи, локално невреме со засилен ветер и грмежи – на планините снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска и утре наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат од врнежи во снег.

Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови врнежи се очекуваат од средината на следната седмица.

Во Скопје денеска и утре во делови од котлината ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи. Од понеделник утринската температура ќе биде во опаѓање. Од средината на следната седмица повторно нови врнежи.