Денеска нова седница на Главниот шаб за управување со кризи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Согласно одлуката за кризна состојба, вчера (20.11.2020 година), се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК. Штабот е оперативно стручно тело коешто раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Со Главниот штаб раководеше директорот на Центарот, в.д., Стојанче Ангелов, а присуствуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи (од министерствата за внатрешни работи, за здравство, за транспорт и врски, за одбрана и за надворешни работи и раководителот на Групата за процена, како и раководителот на Итна медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Северна Македонија).

На седницата, по конкустривна и куса дискусија, е утврдена рамка на активности на институциите во контекст за усвојување на Акциски план, согласно одлуката за кризна состојба.

Инаку, донесената Одлука за постоење кризна состојба на територијата на цела држава е во насока за заштита на јавното здравје во услови на постоење пандемија и заради спречување на болеста „COVID-19“ и вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување ширење во зголемен обем со што би се загрозила безбедноста на населението

Договорено е денеска во 16 часот да заседава Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, а до тогаш, Центарот за управување со кризи изготвува Нацрт акциски план којшто се разгледува и се конкретизира заеднички на седницата, при што субјектите од СУК учествуваат во рамки на нивните надлежности и капацитети во насока за придонес во борбата против пандемијата.