Денеска почнува вакцинацијата во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во модуларната болница на КИБФЦ во Скопје, денеска започнува вакцинацијата на здравствените работници кои работат во ковид-центрите.

Први, според најавите, ќе бидат вакцинирани здравствените работници кои работат на Инфективната клиника во Скопје.

Министерството за здравство посочи дека за денес е предвидено вакцинирање на 260 вработени.

Вакцинацијата стартува со донираните доза вакцини на „Фајзер“ од соседот Србија, пратка која беше примена во неделата.

„Министерството за здравство заради запазување на здравствените протоколи, но и непречена работа на вакциналните тимови, а во интерес на транспарентно и подеднакво третирање на сите медиуми, од чинот на вакцинирање на првите двајца медицински работници ќе обезбеди фото и видео инсерти и истите ќе ги дистрибуира до сите медиуми.“, велат од министерството за здравство.