Денеска пристигнуваат уште три лица од „Пирогов“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште тројца од повредените во несреќата во Бугарија, во текот на денот ќе бидат транспортирани во Скопје.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека еден од тројцата пациенти што треба да пристигнат е веќе тргнат, а останатите двајца ќе бидат транспортирани во попладневните часови и се очекува да стигнат вечерва.

„Веројатно тројцата иницијално ќе бидат задржани повторно на Клиниката за пластична хирургија. Добро се чувствуваат сите кои се таму, вклучувајќи ги и овие тројца. Добро се чувсвутвува и оперираниопт пациент. Тој веќе е вертикализиран и почнува да оди“, изјави Филипче.

Во автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“ загинаа 45 македонски државјани, а седуммина беа повредени и хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија.