Со денешните четири натпревари се комплетира групната фаза на Мундијалот во Катар. Денеска ќе бидат познати сите 1/8 финални двојки, а натпреварите почнуваат веќе од утре каде на програмата се дуелите Холандија – САД и Аргентина – Австралија.
Во директна пресметка за пласман во 1/8 финалето, ќе се сретнат Србија и Швајцарија. на Швајцарците им одговара и нерешено, додека Србија мора да победи и да чека Камерун да не го победи Бразил. Бразилците веќе се во 1/8 финале, само прашање е дали ќе го задржат првото место, за што имаат големи шанси.
Во групата Х, сигурен учесник во следната фаза е селекцијата на Португалија која има шест бодови. Португалија во последното коло игра со Јужна Кореја, која има минимални шанси да стигне до 1/8 финалето, односно треба да се поклопи резултатот од другиот меч меѓу Гана и Уругвај. Гана и со бод може да продолжи понатаму, додека на Уругвај му е неопходна победа.
Останатите осминафинални двојки се: Јапонија – Хрватска, Англија – Сенегал, Франција – Полска и Мароко – Шпанија.
🇯🇵🇭🇷🇲🇦🇪🇸
After an eventful day, we have four more teams heading to the Round of 16 🔥#FIFAWorldCup | #Qatar2022
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 1, 2022
