Денеска седница на Централниот одбор на СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва со почеток од 19.00 часот, ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ.

Централниот одбор ќе се одржи во седиштето на СДСМ со обезбедување на соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19.

Потсетуваме, седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни.

За заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе информираме по завршување на седницата за што медиумите ќе бидат дополнително информирани.