Денеска 8.6.2021 година (вторник), со почеток од 18.00 часот, ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ.
„Поради обезбедување соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19 седницата на Централниот одбор ќе се одржи во х.Александар Палас во Скопје.
Потсетуваме, седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни.
По завршување на седницата, за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе следува изјава за медиумите за што медиумите ќе бидат дополнително информирани“, велат од СДСМ.
