Денеска треба да се одржи средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
Како што посочи вчера премиерот за ТВ21, средбата ќе биде во 15:30 часот во Клубот на пратеници.
Портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани, исто така, вчера за ТВ21 ја потврди средбата меѓу Заев и Гаши.
„Да, точно е дека ќе има средба, но такви средби имало и во минатото, ќе има и во иднина. Додека за тоа што ќе се разговара на следниот состанок ќе ве информираме по завршувањето на средбата“, посочи Муртезани.
