За денеска се најавени два протести во Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави протест со затворање на Булеварот „Борис Трајковски“ на крстосницата кај фабриката „Усје“.
Протестот е во знак на револт поради најавеното преименување на неколку улици во Скопје, јавуваат од опозициската партија.
Протестот ќе почне во 13 часот до 14:30.
За денеска во Автокоманда на главната крстосница на булеварот Александар Македонски, ќе протестираат угостителите.
Тие протестираа и во петокот, и бараат протоколи од Владата за да почнат со работа. На протестот ќе се приклучат и музичарите.
Овој протест стартува во 14 часот, и ќе трае до 17 часот.
