Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Во северозападните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.