Денот на знамето прославен и во Македонија, Албанците од цела земја го слават Денот на независноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денот на албанското знаме беше одбележан и во Северна Македонија.

Албанците во секој град организираа манифестации на различни начини за да ја одбележат 112-годишнината од независноста на Албанија. Празникот беше одбележан во ОУ „Исмаил Ќемајли“ во Скопје, како патронажен ден на училиштето. Учениците во народна облека изведоа песни и ора пред родителите и наставниците. Во меѓувреме, директорот на училиштето рече дека Албанците овој ден го слават на сите територии каде штоп живеат Албанци.

-Овие четири години официјално го славиме како во документацијата така и во развиорениот лик на Исмаил Ќемајли овде во нашето маало. Не сакам да оддолжувам затоа што денес е гласот на учениците на прославата и нивната радост за ова име. Да го носиме достојно името на Исмаил Ќемајли и на сите оние кои вложиле труд за овој денешен ден. Честит нека ни е!“, рече Теута Имери, директорка на ОУ Исмаил Ќемајли.

Првиот вицепремиер Изет Меџити рече дека овој празник треба да ги обедини Албанците за да овозможи подобра благосостојба во нивните градови, како во образованието, културата, здравството, економијата, политиката и друго.

-Денеска сме во ова училиште кое го носи ова големо име и се потсетуваме на историјата, но во исто време нè допира во нашата совест. Ако тогаш во тие тешки времиња беше пушката и дипломатијата, денес мислиме дека со добро владеење можеме да го продолжиме патриотското дело на Исмаил Ќемајли, Скендербег, Адем Јашари и големите личности. Се обидуваме да го направиме ова со името на ова училиште“, изјави Меџити.

28 ноември се прослави и во Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Битола, Струга и Кичево. Во Кичево беше организиран и концерт од дијаспората за нивното родно место.

-Идејата беше на иселениците, и нашите уметници од Кичево, не кои им недостигаше оваа голема прослава во нашиот град. Значи, независноста на Албанија и благодариме на нашата дијаспора и на нашите кичевски уметници кои ја презедоа оваа иницијатива на која се придруживме и горди сме“, рече Шкодран Алили.

И првиот човек на Собранието Африм Гаши ја честиташе прославата на знамето.

Во меѓувреме, други лидери го слават овој ден меѓу дијаспората. Претседателот на Движењето Беса Би љал Касами и други функционери слават со Албанците од Данска. А, првиот човек на ДУИ Али Ахмети ја пренесе пораката од Швајцарија:

„Оваа 112-годишнина од најсветите денови на нашата албанска нација не потсетува дека напорите за слобода, еднаквост, независност, знаме, јазик се секојдневни и нашите заложби не треба никогаш да запрат“, напиша Ахмети.

Централната забава ќе се одржи вечерва на плоштадот Скендербег во Скопје, со концерт во организација на општина Чаир.