Каучи, душеци, најлонски кеси и друг отпад фрлен на влезот во езерото Треска во општина Сарај.
Жителите преку емисијата „Јави се на ТВ21“ бараат да се исчисти оваа депонија и да се казнат загадувачите бидејќи, како што додаваат, мириса и претставува „грда глетка“.
„Плаќаме, секој месец плаќаме за собирање на отпадот, не доаѓаат да го подигнат по 2 недели, додека од овде, го носат таму и го фрлаат. Не знам што да кажам, тука е катастрофа. Потоа ја приватизираа Треска, некој ја зеде и ја приватизира и земаат да фрлаат како можат“.
„Не е добро за таа област, таму има лоша миризба и се надеваме дека општината ќе преземе мерки“.
Вршителот на должноста градоначалник на општина Сарај, Иљас Весели, со јавување во самата емисија вети дека депонијата ќе биде исчистена за 2-3 дена.
„Ниската свест го прави тоа. Потоа како општина секогаш го чистиме тој простор и тој дел не е многу посетен и го наоѓаат како празно место и фрлаат отпад во тој дел. Но, она што можам да го кажам е дека во наредните денови како што ќе се подобрат временските услови ќе имаме акции на различни места кои ќе ги чистиме“, вели Иљас Весели.
Инаку, во анкетата што ја спроведе ТВ21, каде граѓаните можеа да гласаат во реално време во текот на емитувањето на емисијата, на прашањето – Дали треба да се реконструира езерото Треска, 92.9% гласале за, а 7.1% против.
