Пластични столици, гуми од автомобили, фрлен мебел и други предмети се наоѓаат под Скопско кале во близина на реката Вардар. Наместо чист воздух, граѓаните кои излегуваат на прошетка или трчање, ја дишат смрдеата што се шири од ѓубрето.
„Ова ѓубре кое го гледате зад мене е на само неколку метри од центарот на Скопје, поконкретно кај стариот полигон“, вели репортерката на ТВ21.
Ова место вообичаено го посетуваат младите возачи кои се учат да возат, но на влезот на улицата граѓаните ги пресретнува депонија.
Инаку зошто не е исчистено местото и кога ќе се преземат мерки за отстранување на оваа депонија, прашавме во ЈП Комунална хигиена, но до ова издание на вестите одговор не добивме.