Продолжува да гори депонијата во Дебарце во општина Желино. Иако во текот на вчерашниот ден кај оваа депонија интервенираа авиони од Дирекцијата за заштита и спасување, депонијата се уште не е изгасната. Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу вели дека напорите се залудни бидејќи пожарот навлегол длабоко и е тешко да се изгасне.
Блерим Сејдиу, градоначалник на општина Желино
-Вчера имаше интервенција во нашето барање. И од Дирекцијата за заштита и спасување и од Центарот за управување со кризи ни помогнаа во овој аспект. Дури и министерот за внатрешни работи апелираше за помош и им благодарам откако зборував за интересот на граѓаните да го изгаснат тој пожар. И јас лично останав со мојот тим синоќа до 2 часот по полноќ да го изгаснам тој пожар и гледавме додека не се изгасне последниот дел, заедно со пожарникарите“, вели Сејдиу.
Сејдиу вели дека по пожарот ќе ја исчисти оваа депонија, а се правда со тоа што не сакал да го троши буџетот на општината и поради оваа причина побарал средства од Министерството за животна средина.
-Ќе остане да ја исчистиме како што ветивме. Не сакавме да ја чистиме со буџетот на општина Желино бидејќи сме во лоша финансиска состојба и не сакав да го оштетам буџетот и после сето ова ќе ги преземам сите мерки да ја исчистам-вели Сејдиу.
Инаку, оваа депонија е создадена во 2007 година.
