„Деркоски сака изборниот процес да го врати назад, тоа е противзаконски“, вели Кондарко

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„ДИК и самиот претседател Оливер Деркоски со заклучокот кој го донесовме на јавната седница на 22 март дека сите дејствија дотогаш преземени до прекинот се важечки, односно дека не можат да се враќаат назад и да се повторуваат. Од тука зачудува и промената на ставот на Деркоски, дека на некој начин сака да го врати изборниот процес назад, а во моментов тоа е противзаконито“, посочи членот и поранешен претседател на Државната изборна комисија, Борис Кондарко во вестите на ТВ21.