Десантис се повлече од републиканската трка за претседател на САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гувернерот на сојузната американска држава Флорида Рон Десантис, се повлече вечерва од републиканската трка за претседател на САД. Оваа одлука доаѓа откако главниот кандидат Доналд Трамп ги освои изборите во Републиканската партија во Ајова.

Десантис својата одлука ја објави на „Твитер“, поддржувајќи го Трамп да ги претставува Републиканците на изборите во САД во ноември оваа година.