Десет лица починаа од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1049 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19.

Починати се 10 лица:

  • Две лица од Скопје (86 и 66г)
  • Едно лице од Куманово (72г)
  • Две лица од Штип (59 и 55г)
  • Три лица од Прилеп (79, 74 и 78г)
  • Едно лице од Охрид (82г)
  • Едно лице од Радовиш (65г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85494, бројката на оздравени пациенти е 66209, на починати е 2581, а бројот на активни случаи изнесува 16704.