Десетици летови се откажани поради ерупција на вулканот на јапонскиот остров Кјушу

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вулканот Сакураџима, кој се наоѓа на јапонскиот остров Кјушу, еруптираше неколку пати од полноќ, исфрлајќи облак од чад и пепел, што предизвика откажување на десетици летови, соопштија денес Јапонската метеоролошка агенција (JMA) и локалните власти.

Вулканот, кој се наоѓа во јужниот дел на островот Кјушу, недалеку од градот Кагошима, еруптираше за прв пат околу 1 часот наутро, кога исфрли чад и пепел во висина до четири километри, објави агенцијата Кјодо.

Уште две ерупции се случија околу 2:30 часот наутро и 8:50 часот наутро по локално време.