„Дескоска и Адеми работеа на новиот концепт – тоа е систем за трансформација, сега дојде време да се направи чекор“, вели Царовска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Сега во мојот мандат е дојдено времето да го направиме чекорот кон новата концепција“, изјави министерката за образование Мила Царовска која вечерва гостува во „Клик Плус“ на ТВ21.

Таа рече дека и претходните два министри за образование Дескоска и Адеми работеле до тоа да се стигне до нов концепт на учење.

„И министерот Адеми и министерката Дескоска работеа да стигнеме до нов концепт на учење, тоа е ова што го учиме. По концептот носите наставни програми, а по тие наставни програми се создаваат нови наставни материјали“, рече Царовска.

Целата изјава низ видеото подолу: