Деспотовски давал исказ, ќе се бараат мерки на претпазливост?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски бил повикан да даде исказ, велат извори на ТВ21 од Финансиска полиција.

Според информации од истата институција, во понеделник се очекува судот да одлучува за мерки на претпазливост како што се одземање на пасош и редовно јавување во судот.

Дополнително, останува на сила замрзнувањето на имотот на компанијата Зобек.

Се работи за случај на Финансиска полиција според кој Деспотовски и приватната компанија која изведувала работи во ТИРЗ Штип и Струмица, проневериле 2 милиони евра.

Откако медиумите информираа дека е приведен, Деспотовски се јави со реакција дека веста не е точна, и дека останува достапен и за институциите и за медиумите.

„Наводите се целосно неточни и претставуваат дезинформирање. Преземам правни чекори за заштита на мојата чест и углед. Очекувам медиумите да ја проверуваат точноста на информациите пред нивно објавување,“ изјави Деспотовски.