Деспотовски: Можеби повторно ќе се кандидирам за лидер на СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ гостувајќи во 10МИНУТИ на ТВ21 кажа дека на следните избори на СДСМ можеби повторно ќе се кандидира за претседател на партијата.

Деспотовски беше кандидат и по заминувањето на Зоран Заев, но тогаш довербата ја доби сегашниот лидер Димитар Ковачевски.

Каква е соработката на Деспотовски со Ковачевски?

„Соработуваме, јас сум дел од тимот. Резултатите во сегментот каде што сум задолжен се тука, со поддршка на премиерот. Можеме секогаш подобро. Имаме изборен циклус кој следи следната година, добро е да седнеме и да дефинираме што е добро и да одиме со поамбициозен план. Простор за работа има многу. Чесно е да кажеме дека секогаш можеме подобро. Зошто да не, размислувам повторно да се кандидирам за лидер на СДСМ. Но, мене ми е многу ми е поважно да знам со што ќе истрчаме пред луѓето“, рече Деспотовски.