Околу 9 месеци траеше истрагата за големата полициска акција во Куманово. Уапсени се 10 лица под сомнение за шверц, трговија и неовластена продажба на наркотични супстанци, 3 од нив биле полицајци а 5 царинарници. Претрес освен во Куманово извршен е и на многу локации во Скопје, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој рече дека преку оперативни мрежи се добиени информации дека осомничените се подготвувале за прием на пратка со 13 големи кутии, во кои имало над 1 милион таблети без фабричка амбалажа и без упатства.
По запирањето на автомобил за кој постел сомнеж дека не поседува регуларна документација, полицајците побарале помош од Царинската управа, со цел да се контролираат примените стоки од терминалот за товар.
Царинарниците со изговор дека стоката ќе ја земат за дополнителна контрола на царински терминал во зоната на Куманово, со службено возило на Царината, го “расчистиле“ патот а стоката ја однеле во домот на еден од осомничените.
Осомничените лица се на возраст од 35 до 53 години а се од Куманово, Тетово и Скопје. Спасовски истакна дека истрагата продолжува за да се види дали има и други полициски службеници и царинарници вмешани во кривичното дело за шверц и трговија на наркотични супстанци.
