Возач е повреден и пренесен во Ургентен центар Куманово во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во Куманово, а за која информираше ТВ21. Едно до возилата заврши на покрив.
– Возачот С.И.(18) од село Опае кој управувал патничко моторно возило „Опел Зафира“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила. По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар, Куманово, а по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди, соопштија од СВР Куманово.
Кумановската полиција извршила увид на местото на несреќата.
