Дете падна од ски-лифт на Јахорина!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера на планината Јахорина во БиХ, дете падна од жичница откако одредено време висеше држејќи се за седиштето. На снимката од настанот се гледа како други скијачи се обидуваат да помогнат, но детето на крајот падна на земја.

Скијачите кои се нашле на патеката под жичницата се обидувале да го фатат за да го ублажат падот.

Засега не е познато зошто детето испаднало од седиштето.

Детето е пренесено во болница

Од Горската служба за „БН“ потврдија дека несреќата се случила.

Повреденото дете е пренесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е задржано на лекување. Лекарите засега не се изјасниле за тежината на повредите.