Децата со посебни потреби остануваат дома – родителите бараат нивните деца да им се вратат на активностите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Децата со ментална и телесна попреченост, се меѓу најизолираните во светот. Овие деца се соочуваат со разни проблеми како што се дискриминација, предрасуди и изолација. Пандемијата со Ковид-19 ги принуди да ги напуштат дневните центри каде одржуваат разни активности. Оваа ситуација влијаеше негативно и врз нив, но и врз нивните семејства. Илир веќе неколку месеци не се видел со неговите воспитувачки. Вели дека многу му недостасувале и секој ден барал од родителите да се врати во Дневниот центар за да го минува времето со неговите другарчиња. 

„Ми недостасуваше Линда, како и сите мои другарчиња што ги имам на училиште. Секој ден сакам да доаѓам. Сакам да почнам да одам на училиште што е можно поскоро“, истакна ученик.

Неговиот татко вели дека му е тешко да му објасни на Илир зошто во моментов не може да продолжи со дневните активности. Ние ќе им обезбедиме на децата за на училиште маски и сѐ што е потребно, само да можат да се вратат, вели еден од родителите.

„Јас барам училиштата да почнат за сите. Мојот син долго време седеше дома, прави проблеми и бара да оди на училиште. Добро му е дома, но не сака да седи дома. Бара да тргне на училиште“, вели родител.

Дека оваа состојба влијае негативно врз децата, потврдува и психологот од центарот, Љиндмира Адиљи Реџепи. Онлајн наставата за децата со посебни потребни го нема потребниот ефект, бидејќи за нив се важни активностите кои се организираат во Дневниот центар, додава таа.

„Ние како екипа постојано се залагавме да им излеземе пресрет. Тука е и онлајн наставата, но морам да кажам дека онлајн наставата не може да ја следи секое дете поради нивниот капацитет, поради немање уреди итн. Така што, ние како тим се трудиме онлајн наставата да ја одржуваме преку нивните родители, обидувајќи се да ги едуцираме за тие да ги спроведуваат активностите“,вели Љиндмира Адиљи Реџепи.

Во овој центар, дневните активности засега ги следат 20 деца со посебни потреби. За овие центри сѐ уште нема одлука – кога можат да почнат со работа и под какви протоколи да ги организираат активностите.