По новинарското прашање во каква здравствена состојба се децата кои се дијагностицирани со вирусот и каде се лекуваат, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека најмалото дете од Скопје е на домашно лекување, девојчето кое се лекува во одделението за инфективни болести во болницата во Штип и момчето од Дебар кое има 15 години.
Тој додава дека сите се во добра состојба во смисла на тоа да е манифестацијата на болеста во лесна форма.
