Девет лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19.

Оваа битка ја изгубија девет лица:

  • Две лица од Скопје (74 и 82 години)
  • Две лица од Кичево (61 и 70 години)
  • Едно лице од Ресен (77 години)
  • Едно лице од Битола (87 години)
  • Едно лице од Виница (57 години)
  • Едно лице од Охрид (79 години)
  • Едно лице од Прилеп (65 години).

Осум од пациентите се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91555, бројката на оздравени пациенти е 80008, на починати е 2821, а бројот на активни случаи изнесува 8726.