Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19.
Починати се 9 лица:
- Три лица од Скопје (88,71 и 77г)
- Едно лице од Битола (73г)
- Три лица од Струмица (71, 76 и 66г)
- Едно лице од Кичево (86г)
- Едно лице од Ресен (72г)
Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, на починати е 2559, а бројот на активни случаи изнесува 18046.
