Девизните резерви во јуни зголемени за 44 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На крајот на јуни 2024 година, официјалните девизни резерви изнесуваа 4.337,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 44 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,8%) и монетарното злато (11,1%).