Девизните резерви во Македонија изнесуваат 5,2 милијарди евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девизните резерви на крајот од април оваа година достигнаа 5.207 милиони евра, односно околу 5,2 милијарди евра.

Според податоците на Народната банка, најголемиот дел од девизните резерви е инвестиран во хартии од вредност (70,8%), потоа следува монетарното злато (16,8%) и валута и депозити (12,3%).

Во меѓувреме, на крајот од декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесувале 4.925,3 милиони евра, односно околу 4,9 милијарди евра.