Девојче напишало писмо до Бог и ги добило парите кои ги побарало

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шестгодишното девојче Хелга Хилтунен од Финска му напишала писмо на Бога пред Божиќ. Таа побара 100 марки во писмото, а набрзо и ги добила парите што ги побарала.

Во тоа време, само Претседателот на Републиката можел да отвори писма со неточна адреса во Финска.

Така, писмото упатено до „Бог“ го прочитал Урхо Калева Кеконен, кој успешно управувал со земјата од 1956 до 1982 година.

Кеконен решил да го задоволи ова барање, но сметал дека 50 марки ќе и бидат доволни. Наредил да му донесат автомобил и решил лично да и ги однесе парите, како и одговор „од Бога“.

Набргу потоа, ново писмо на Хелга пристигнало во канцеларијата на претседателот.

Таа напиша дека целата улица гледала во автомобилот на господинот Претседател, кој застанал во близина на нејзината куќа.

Во продолжение на писмото, девојчето го замолило „Бог“ никогаш повеќе да не испраќа пари преку претседателот, затоа што украл точно половина од тоа!