Девојче рането во масакрот во училиштето се уште е во тешка состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Девојчето кое во средата беше рането во масакрот во белградското основно училиште, за чиј живот очајно се борат лекарите од Универзитетската детска клиника во Белград, се уште е во тешка состојба, велат од болницата за тамошните медиуми.

Девојката била застрелана во главата и била оперирана. Операцијата, како што изјави директорот на Тиршова, Синиша Дучиќ, била долга и напорна.

Ранетите од пукањето во училиштето во белградски Врачар се хоспитализирани во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија. Има четворица ранети – тројца ученици и еден наставник по историја.