Девојката на Ериксен мислела дека тој е веќе мртов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легендарниот дански голман Питер Шмајхел во интервју за Би-Би-Си радио фајв, коментирал за ситуацијата на Кристијан Ериксен кој се сруши на теренот и беше реанимиран на дуелот со Финска на ЕУРО 2020 година во саботата.

Шмајхел открил дека соиграчите на Ериксен морале да ја убедуваат Сабрина Квист Јенсен дека Кристијан дише и дека лекарите прават напори да ја стабилизираат ситуацијата.

„Тоа беа два најлоши часа во мојот живот. Апсолутно никакви информации. Можевме да видиме дека ситуацијата е крајно сериозна, ги следевме реакциите на останатите играчи. Се случи на стадионот на кој беа сместени сите девојки и жени на фудбалерите. Партнерката на Кристијан тоа го виде и влезе на теренот. Мојот син дотрча до неа, разговарав со него синоќа. Рече дека таа мислела дека тој е починат, па морале да ја убедуваат дека Кристијан дише“, рече Шмајхел.

Кристијан и Сабрина се во врска од 2012 година, а заедно имаат две деца.