Дезинформациите и важноста од медиумска едукација беше тема на синоќешната дебата на Клик плус. Новинарката Елида Зилбеари,раскажа како дезинформациите ја зголемиле смртноста од пандемијата бидејќи луѓето се базирале на лажните вести и не верувале во постоењето на вирусот.
„Дезинформациите се одразиле на смртноста, зборувам за Македонија. Сега врската не е да се каже директно дека ги убиле, туку со тоа што не одиш во болница убеден дека не постои и на крајот се влошува, нормално дека болницата не може да те спаси“, вели Елида Зилбехари.
Петрит Сарачини од Институтот за медиуми оценува дека брзите вести подготвени од дома од„несериозни медиуми“ предизвикува дезинформации во јавноста.
„Да се направи вест во сериозен медиум, не само што чини повеќе, туку и одзема повеќе време, за разлика од оној што може да објави десетици вести за еден час. Насловите се многу поатрактивни, бидејќи тој нема етички и професионални граници, тие наслови почнуваат се повеќе да се читаат во јавноста затоа што се наслови „клик-бејт“ кои се дизајнирани да го привлечат вниманието на јавноста“, додаде Петрит Сарачини.
Професорката по комуникации Рина Ајдари дезинформациите ги нарече отров за општеството, притоа споменувајќи ја и промената на училишните програми со цел младите да добијат некаква медиумска едукација, по што повнимателно ќе ги разликуваат вистинските од лажните вести.
„Проблемот со дезинформациите воопшто е глобален проблем, го немаме само овде и сега мислам дека излезе од контрола во сите земји во светот, земјите и системите се обидуваат на различни начини да се врати контролата во таа насока“, вели Рина АЈдари.
Гостите апелираа да се игнорираат вестите и написите на интернет кои имаат сензационалистички наслови, бидејќи нивната цел е само да собираат кликови, а не да даваат веродостојни информации.
