Џафери: Благодарност за довербата повторно да бидам избран за претседател на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реизбраниот претседател Талат Џафери, даде свечена изјава откако беше повторно избран за спикер на законодавниот дом. Тој се заблагодари на довербата на пратениците кои гласаа, како и од опозицијата.

„Благодарам на сите за довербата, и за оние кои не беа тука во Собранието за време на гласањето, како и за оние кои не беа во салата. Секако дека сме тука во следните четири години, и се надевам дека ќе водиме конструктивни дебати за сите прашања. Ќе бидам во функција и служба на работењето и работата на законодавецот како што е пропишано со Уставот и деловникот на Собранието“, рече Џафери кој воедно се заблагодари на службите во Собранието за подготовка на конститувната седница и за почитувањето на мерките за заштита од вирусот Ковид-19.