Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека до полноќ треба да ја затвори денешната седница на која требаше да се гласа недоверба на Влада.
„Треба да се направи формална констатација за да се знае како ќе го почнеме утре денот“, вели Џафери.
Џафери додава дека без разлика дали има или нема пратеници во Собранието, тој треба да ја затвори денешната седница до 24:00 часот.
„Јас денеска до 24 часот треба да ја затворам седницата која е отворена, без разлика дали се или не присутни пратениците. Јас мора да чекам до 24 часот и на формален аспект да го ја затворам седницата“, рече Џафери.
